(ВИДЕО) УШТЕ ЕДЕН ОГРОМЕН МАСАКР ВО САД : Над 27 убиени и преку 30 ранети верници во мало гратче во Тексас, напаѓачот е убиен!

0
495

Најмалку 27 загинати и 15 ранети во вооружен напад во црква во Садерленд Спрингс во близина на Сан Антонио во сојузната американска држава Тексас.

Локалните медиуми јавуваат дека вооружен маж влегол во црква на Првата баптистичка црква и пукал во присустните, при што се вели дека има неколку жртви. Локалната телевизија КСАТ јави дека и убиецот е мртов.

Но според Си ен ен се уште не се знае дали непознатиот маж извршил самоубиство или е убиен во полициската акција.

Портпаролката на канцеларијата на ФБИ во Сан Антонио, Мишел Ли изјави дека на самото место се повикани агенти на ФБИ.

Претходно на самото место пристигнала и локалната полиција. Инцидентот според очевидци се случил во Првата баптистичка црква. Сведокот кој е продавач на бензинската пумпа спроти црквата, изјавил дека слушнал околу 20 истрели за време на црковната миса.

СПОДЕЛИ