(ВИДЕО) Тутунарите од Дебреште ги поздравија мерките на СДСМ за земјоделство

0
237

Кандидатот за пратеник во петата изборна единица Васко Ковачевски заедно со Ленче Николовска ги посетија жителите на Дебреште во општина Долнени.

Во ова село земјоделците најмногу се занимаваат со производство на тутун, а нивните забелешки главно се околу неправедната проценка на класите при откуп, за што нема каде да се жалат, а бараат и укинување на 4 класа. Мерка која СДСМ ја има предвидено во својата програма.

dolneni2-610x343

-Четвртата класа се укинува, а земјоделците ќе имаат и поголема заштита од државата на откуп при проценка на класите. Исто така ги зголемуваме и субвенциите и тоа, 80 денари за прва класа, 70 за втора и 60 денари за прва класа. Најавивме  и ревизија на поделбата на државната земја со што земја ќе добијат сите вистински земјоделци – рече Николовска.dolneni4-610x343

dolneni7-610x343