(ВИДЕО) Тевдовски: Минимална плата до 2020 ќе ја покачиме на 16.000 денари денари

0
107

Најавуваме дека нема да дозволиме работници да работат во полно работно време, а да живеат во сиромаштија. Наша цел е минималната плата да изнесува 16.000 денари во 2020 година. Затоа, веднаш после промената, до април 2017 година ќе ја зголемиме минималната плата на 12.000 денари, рече Драган Тевдовски, претседател на Комисија за економија и член на ИО на СДСМ.

Оваа минимална плата ќе важи и за вработените во индустријата за текстил, облека и кожа, кои со години се законски обесправени и земаат пониска минимална плата од останатите.

Еве погледете го графиконот (графика), минималната нето плата изнесува 10.080 денари. Работниците во индустријата за текстил, облека и кожа земаат дури помалку. А, ова се работниците со најниски плати во Македонија и на нив најмногу им треба минималната плата. Со покачувањето и порамнувањето што ќе ги направиме, на 12.000 денари, ќе ја исправиме оваа социјалната неправда!

За да нема отуштања на вработени, фирмите ќе бидат поддржани од државата. Во првата година, државата на работодавачите ќе им надомести по 1.900 денари за исплатена бруто минимална плата во индустријата за текстил, облека и кожа.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ ги понижи работниците, фалејќи се низ светот со евтина работна сила, додека тие се борат за опстанок со мизерните плати. Нема да дозволиме повеќе такво газење врз работничкото достоинство.

Ќе се избориме за стабилни работни места, пристојни плати и еднакви шанси за сите граѓани на Македонија! Промените се случуваат. Промените се веќе проектирани!