(ВИДЕО) Сугарески: Реконструкција на многу патишта немаше од времето на Тито, ВМРО – ДПМНЕ остави пустош

0
213

„ВМРО-ДПМНЕ остави пустош со почнатите и недовршени автопатишта, и не може ниту една власт да остава недовршени и несредени проекти, а потоа да викаат дека биле нивни. ВМРО-ДПМНЕ за 12 години изградиле 650 километри патишта, а ние за една година над 500 километри патишта”, изјави во интервјуто за Максфакс министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески

– Разликата е евидентна. На многу патишта нема реконструкција од времето на Тито. Да не почнувале вакви патишта од ВМРО-ДПМНЕ, ваков пример во градежништвото не сме виделе, нешто што не го познава градежнишвото како автопатот Кичево-Охрид. 50 проценти беше направен автопатот Миладиновци-Штип, ние за година и пол 50 проценти завршивме, тие за четири години го правеа. Немало причина за четири години да не го направат.

Битола-Кременица е чист проект на СДСМ. Куманово-Бељаковце е ВМРО-ДПМНЕ? Што се фали со 20 проценти направен пат. Не може секоја власт да ги остава проектите, а потоа да вика дека е нивен проект. Гасовод 98 проценти од кракот Неготино до Битола нема мрднато, ископана беше една дупка, сега е направена целата работа. До 4 септември се првите два километри за патот до Блаце. Кичево-Охрид е еклатантен пример како не треба да се работи во градежништвото. Ако било се готово на автопатот Демир Капија-Смоквица, Груевски ќе го пропуштеше да не го пушти во употреба, рече министерот Сугарески.

Министерот објави и дека уривањето на дивоградбите во Охрид ќе почне во текот на септември, а уривање ќе има и на Матка, но откако ќе истечат законските рокови за жалби по поднесените барања за легализација на дивите платформи. Тој објасни дека Охрид врши сериозни подготовки на акцијата за уривање.

„Освен тоа што прогласи мораториум за градење Охрид веќе избра фирма која што ќе урива, предвиде средства за уривањето во висина од 1,5 милион денари и прави динамичен план за уривањето. Приоритет ќе имаат дивоградбите во заштитеното јадро и во националниот парк ’Галичица’“, рече министерот Сугарески.