(ВИДЕО) Сугаревски: Обвинетиот Груевски да не бега од Надзорната расправа за поплавите

0
241

СДСМ денеска го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и останатите одговорни да не бегаат и да се појават на Надзорната расправа во Собранието на која треба да објаснат што направиле за да дојде до големата поплава која однесе повеќе од 20 животи во Скопско во август годинава.%d1%81%d1%83%d0%b3%d0%b0%d1%80%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b82209

– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во петокот цел ден ја блокираа Надзорната расправа за обвинетиот Груевски и неговите кадри да избегаат од соочување со јавноста за поплавите што го погодија Скопје. Раководните кадри на ВМРО-ДПМНЕ во институциите се одговорни за катастрофалните последици од поплавите кои однесоа најмалку 23 човечки животи! Бебиња настрадаа! Има огромни материјални штети коишто никој денес не ги надоместува! Голем број граѓани се уште се без кров над глава или без елементарни услови за живот! Ниту авансот од 500 евра го немаат добиено сите семејства. Ова се случи во главниот град на Република Македонија во 21-от век затоа што делови од Скопје се уште немаат канализација, а каналите се неисчистени. Институциите потфрлија. Не реагираше професионално и комплетно ниту една институција – рече Горан Сугаревски, координатор на пратеничката група на СДСМ и опозицијата.