(ВИДЕО) Студентскиот пленум повикува на масовен протест пред СПУКМ во 19 часот, се бара поништување на изборите, реакција од УКИМ и одговорност од МВР

0
374

785689549043-670x416Студентски пленум најави протест за вечерва во 19 часот, со кој ќе побара да се поништат изборите за претседател на Студентскиот парламент при УКИМ, а воедно ќе побара и одговорност од Министерството за внатрешни работи, поради како што велат, неоправданото насилство врз нивни членови за време на вчерашната блокада, пренесе Радио МОФ.

„Бараме сите претставници на Студентскиот парламент, да бидат отстранети од органите и телата на Универзитетот. Воедно, ќе покренеме дисциплински постапки против сите студенти кои се евидентирани како на матични факултети вршат насилство. Дополнително, бараме Универзитетот да не го признае овој срамен, фалсификуван резултат на студентските избори и да застане на страна на студентите. Безбедноста на студентите вчера, за време на кампусот, и овде со присуствотото на ЕБР и нивната примена на сила врз нас, е кулминација на однесувањето кое Универзитетот не смее да го дозволи тоа“, изјави студентката Ивана Туфегџиќ од Пленум.

Тие негираат дека употребиле насилство кон претставниците на СПУКМ, кои ги носеле кутиите и ги повикуваат ако тоа е точно, да се покренат пријави. Меѓудругото, бараат од новиот претседател на СПУКМ Давор Поповски, да ги поништи изборите.

„Бараме од Давор, кој се самопрогласува за победник, да ги поништо изборите и да не потпишува никаков документ, во спротивно ќе најдеме основ, а ги има прилично, за кривична одговорност. Ако нашите барања не се исполнат, ние ќе ја опструираме работата на Студентскиот парламент и нема да признаваме одлуките и органите при СПУКМ“, рече Туфегџиќ.

Тие најавија порадикални чекори во наредната академска година. Од МВР, пак, бараат да и соопшти на јавноста по кој основ имало влез и интервенција на специјална единица за избори на невладина организација потоа, кој ја издаде наредбата и трето, сите полициски службеници коишто се однесувале грубо да бидат најдени од снимките коишто ги поседува МВР и веднаш да се покрене дисциплинска постапка против нив. Во спротивно, велат од Пленумот, тие засебно ќе поднесуваат кривични пријави, против министерот, командирот и секој што ставил потпис за синоќешната акција.

Вчерашните избори на почетокот се одвиваа мирно, со повремени расправии помеѓу членови на Студентскиот пленум и Студентскиот парламент, во однос на нерегуларностите. Но, тензијата ексалираше на крајот од изборите, кога група на луѓе, за кои Пленумот мисли дека не се поврзани со УКИМ, ги грабнаа гласачките кутии од Правниот факултет и ги однесоа во СПУКМ. Притоа, имаше и помали инциденти.

„Согласно статутот на СПУКМ, кутијата се брои на местото каде што се гласало. Студентскиот парламент вчера изврши кражба на гласачките кутии, од коишто на Правниот факултет се изврши насилство низ бифето врз студентите кои се обидоа да спречат одземање на кутијата. Бевме затворени две до три минути од надворешната страна на бифето, додека тие бегаа со кутиите. Од како не можеа да го совладаат отпорот од внатрешната страна, ја пуштија излезната врата и почна бркотница. Тие кутиите ги ставија во приватни возила и не знаеме на каде ги упатија. Првично, три кутии качија овде горе, а кога ние пристигнавме имаа обид да внесат уште една кутија“, објасни Туфегџиќ.

За време на блокадата, студентите во телефонски разговор со досегашниот претседател на СПУКМ Кирил Спировски, поставија ултиматум во рок од еден час да ги поништи изборите, или остануваат. Од Пленумот велат дека Спировски не бил спречен да се симне долу, ниту кој било од студентите сакал да го нападне физички.

Вчерашните избори се одвиваа на сите 24 факултети, со почеток во 9 часот, а заврши во 16 часот. Парламентот преку соопштение до медиумите, испратено во 4 часот наутро, соопшти дека победник е Поповски со 3 851 гласа, од вкупно вкупно 5 264, додека неговиот конкурент Стефан Василевски од Медицинскиот факултет освоил 1 275 гласови. Против Поповски имаше покренато и онлајн петиција од негови колеги на ФИНКИ за да ја повлечи кандитатурата.

Видео – Радио МОФ