(ВИДЕО) СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ЗАЕДНО СО БРАНИТЕЛИТЕ ОД ПРИЛЕП, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ И ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА ПОСЕТИЈА БОЛЕН БРАНИТЕЛ, ВЕТИЈА ИТНИ МЕРКИ И НЕСЕБИЧНА ПОМОШ ЗА ЧОВЕКОТ!

0
278

Градоначалникот Илија Јованоски, националниот координатор за воени и
полициски ветерани, Стојанче Ангелов, советник за одбрана на
претседателот на Владата на РМ, Драган Василески, претседателот на
Здружението на резервни воени обврзници, учесници во настаните 2001/2002
година Рубин Секулоски, директорката на Здравствен дом, Оливера Аџиоска
и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Живко
Силјаноски, денеска го посетија домот на бранителот Драган Спасески, кој
што пет години живее без струја и со бројни социјални и здравствени
проблеми.

Градоначалникот Јованоски, најпрвин се интересираше за здравствената
состојба на Спасески. По разговорот со него и неговата сопруга, Јованоски
истакна дека ќе бидат преземени сите мерки во негови и ингеренции на
Општина Прилеп, со цел да се решат најгорливите проблеми на Спасески.
Градоначалникот потенцираше дека Општина Прилеп ќе се заложи да се
реши проблемот со повеќегодишниот неплатен долг за електрична енергија,
којшто во моментов изнесува 91.843 денари, ќе му биде исплатена парична
помош. Воедно бранителот ќе биде хоспитализиран со цел да се стабилизира
неговата здравствена состојба.