ВИДЕО: Стартува кампањата за референдум за ГТЦ, граѓаните се повикани да учествуваат

0
261

ref in

Дури 85 отсто од граѓаните на Општина Центар ја поддржуваат иницијативата да се одржи референдум на кој ќе се одлучува за изгледот за Градскиот трговски центар, на скалата, пак, од 1 до 10 да одговорат колку се заинтересирани за идниот изглед на ГТЦ, дури 59 отсто одговориле со 10, односно дека се целосно заинтересирани.

82 отсто одговорле дека ГТЦ треба да се реновира, но да го задржи автентичниот изглед, а 9,5 отсто сметаат дека објектот треба да добие целосно нов лик во барок. Ова го покажува истражувањето што го спроведе иницијативата „Го сакам ГТЦ“ преку анкета во која биле интервјуирани 600 испитаници, пренесува А1он.

Поради високите проценти за поддршка на ГТЦ и на иницијативата за негова заштита, активистите се оптимисти дека референдумот ќе биде успешен и дека граѓаните ќе го дадат својот глас за заштита на објектот.

За да не остават ништо на случајноста во следниот период невладините организации ќе спроведат кампања со која ќе ги анимираат центарци за нивната улога во одбраната на ГТЦ.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=f7nCB8qb_k4[/youtube]

По тој повод утре од 17.30 до 21.00 часот во мобилната галерија на Центарот за современи уметности во Паркот на франкофонијата ќе биде организирана средба на волонтери и активисти во која можат да се вклучат сите заинтересирани со свои идеи. Даница Павловска од иницијативата вели дека референдумот што ќе се одржи на 26-ти април ќе испише нова страница во развојот на македонската демократија.

– Овој ден историјата ќе го запамети како почеток на вклучување на македонските граѓани во процесот на носење одлуки од заеднички интерес. Го повикуваме секој жител на општина Центар да го искористи своето право на глас и со тоа да придонесе кон развојот на демократијата во нашата држава – апелира таа.

Извор: А1он