(ВИДЕО) Средба на премиерот Заев со чешкиот премиер Бабиш во рамки на официјална посета на земјава: Чешката Република стои зад Република Северна Македонија да ги отпочне преговорите со ЕУ

0
201

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска имаше средба на официјално ниво со чешка владина делегација, предводена од премиерот на Чешката Република, Андреј Бабиш.

Изразена е отворена поддршка од Чешката Република за Република Северна Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.