(ВИДЕО) Спиркоска : Континуирано се подобруваат условите во прилепските детски градинки

0
219

Со залагање на менаџерскиот тим на Јавната општинска установа Детска
градинка (ЈОУДГ) „Наша иднина“, а со голема помош на Министерството за труд и
социјална политика, Советот на општина Прилеп и градоначалникот Илија
Јованоски, детските градинки во Прилеп добиваат нов лик и подобри услови за
престој на децата.

Тоа на денешната прес конференција го истакна Бети Спиркоска, в.д. директорка
на ЈОУДГ „Наша иднина“. Таа потенцираше дека во изминатите месеци биле
реализирани повеќе проекти во градинките „Гоце Делчев“, кои придонесле за
значително подобрување на условите во сите објекти на јавната општинска
установа.

„Во објектот ‘Гоце Делчев’ се санираа санитарните чворови, комплетно се смени
старата и се постави нова ПВЦ дограма, започнуваме со изградба на нова
котлара и замена на стариот котел со нов. Во објектот ‘Аличаир’ исто така се
реновираа санитарните јазли, како и во градинката ‘Тризла’, каде деновиве
започнуваме со реконструкција на покривот“, истакна в.д. директорката Спиркоска.
Во најавата на претстојните активности, Спиркоска ги издвои работите кои ќе
започнат во градинката „Бончејца“, каде со патеки за изведување фискултурни
активности ќе се уредува дворната површина, комплетно ќе биде заменета
дограмата, а објектот ќе добие и нова фасада.