(ВИДЕО) Спасовски: Ова е битка за враќање на парите и животот во Куманово и Македонија

0
94

„Мора да напаравиме се, сите, и младите и пензионирите, да имаат достоинствен живот во Република Македонија. Затоа сакам да не ги злоупотребувате пензионерите. Да не им кажувате дека токму сега им покачувате нешто што им следува законски. Се залагаме за консолидирање на пензискиот фонд, за реално зголемување на пензијата секоја година врз основа на трошоците за живот и да имаат достоинствен пензионерски живот. Најавувам нова мерка, воведување на државна социјална пензија за секој граѓанин кој нема доволно работен стаж, односно нема 15 години работен стаж. Таа пензија би изнесувала 70 проценти од просечната пензија во Македонија. Секој граѓанин да има можност достоинствено да живее.

Затоа ја бараме поддршката. Оваа битка мора да биде и битка за Куманово. Да овозможиме да и се помогне на Општина Куманово. Да им се помогне на градоначалникот и на Советот на општината. Да се реализираат врвни проекти. Во нашата програма имаме три приоритети за Куманово. Првиот е целосна гасификација на општина Куманово, нешто што го започнавме први во Македониа и нешто кое знаеме и можеме да го направиме.