(ВИДЕО) Со заеднички заложби на Општина Прилеп и Министерството за образование, ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ наскоро ќе добие фискултурна сала

0
125

Во рамки на својот престој во Прилеп, заменик министерот за образование и
наука, Петар Атанасов заедно со градоначалникот Илија Јованоски, го посетија
ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“. На средбата со директорката на училиштето, Кети
Стевананџија, заменик министерот и градоначалникот разговараа за
реализираните и тековните проекти, како и за проблемите со кои се соочуваат
вработените и учениците во ова училиште.

„Со заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов денеска
разговаравме за образовниот процес во прилепските училишта и за тоа како да го
подобриме образованието, како да обезбедиме повеќе нагледни средства.
Денеска сме во ова училиште за да проговориме за реализираните проекти, но и
за она што треба во најскоро време да се направи“, изјави градоначалникот Илија
Јованоски.