(ВИДЕО) Снимка од приведените тепачи на пратеници

0
2676

Алсат-М го сними спроведувањето во суд на дел од приведените учесници во упадот во Собранието при што беа претепани пратеници од парламентарното мнозинство.

Меѓу другите, приведени се и Димче Христоски – Жабата од Прилеп, поранешен припадник на „лавовите“, осуден за двојно убиство во јули 2005 на манифестацијата „Пиво фест“, за кој од СДСМ велат дека го повредил лидерот на партијата, Зоран Заев, како и лицето кое со држач од камера ја погоди Радмила Шекеринска во главата.

87439843932 9838349034 349844 983498433 C-mOMyEXkAAYumA1 9843983493423 7843983483223 984398439332 9348934832

Како што извести ОЈО, седум лица од петнаесетте осомничени за насилствата во Собранието се лишени од слобода. Од осомничените, за 14 е определена мерка притвор, а за едно лице предложени се мерки за претпазливост.

„Основното јавно обвинителство – Скопје, по прибирање на релевантен доказен материјал, за петнаесеттемина инволвирани во нередите кај Собранието на Република Македонија првично почна постапка поради постоење основан сомнеж дека сториле кривично дело – учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство, од член 384 од Кривичниот законик. Во моментов, седум од лицата се лишени од слобода. Надлежен јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, за 14 од осомничените предложи до судија на претходна постапка да им биде определена мерка притвор. За едно лице е предложено определување мерки на претпазливост“, се вели во соопштението.

Од Обвинителство информираат дека истрагата продолжува во насока на целосно расветлување на кривично-правниот настан.