(Видео) СКАНДАЛОЗНО: Пензионер од Штип за две години четири пати прогласен за мртов

0
279

Скандалозно. Жив и здрав пензионер од Штип за две години четири пати прогласен за мртов. Веста која ги шокирала, најблиските ја дознале откако 85-годишниот Ристо Трпчев, престанал да добива пензија, пренесе ТВ Стар.

penzioner

„Во ПИОМ внесат погрешен матичен бројот, наместо матичниот на татко ми. Тогаш проблемот се реши, поднесовме пријава за живот и наредниот месец тој ја доби пензијата. Мислевме дека овде се ќе заврши“, изјави синот на Ристо. Грешката семејството ја исправало двапати, но ….

„Пред два месеци ми се јави татко ми и ми кажа дека повторно пензијата ја нема добиено. Им објаснив дека татко ми е жив, дека грешката е во нив“, објаснува синот на Ристо. Ситуацијата е апсурдна и фрустрирачка, но и генератор на многу проблеми зашто пензијата која не ја добива редовно, се единствените пари од кои Ристо и неговата сопруга инвалид живеат:

„Од тие пари живееме. Моите 10.000 денари и 4.000 денари кои ги зема сопругата. Ниту крадам, ниту барам нешто што не ме следува“, рече Ристо Трпчев.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=zFD1yRD_Cfk[/youtube]

Од Фондот за ПИОМ , пак, случајот на Ристо го објаснуваат на следниов начин:

„Фондот два пати во годината доставува писмено барање до секоја странка за да може да ја завери дека е во живот. Оваа странка нема доставено таков документ, најверојатно затоа што од 1988-та година се води под грешна адреса“, изјави Љубе Здравков, рак. на Фонд за ПИОМ – Штип.

Ова е единствен случај во државата каде жив човек неколкукратно се прогласува за мртов. И покрај објаснувањата од Фондот, семејството е категорично дека разрешница на случајот ќе бара преку суд.