(ВИДЕО) СЕ МНОЖАТ ДОМАШНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ: Владата го сефтоса новиот хотел во Охрид, Јуник

0
501

Премиерот Зоран Заев заедно со министерите за транспорт и врски Горан Сугарески, за здравство Венко Филипче, за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и градоначалникот на Охрид Јован Стојаноскина беа на отворањето на новиот хотел во Охрид „Јуник“ .

Оттаму премиерот порача дека деловната клима се стабилизира и се отвораат можности за нови инвестиции, а со тоа и нови работни места.

Оваа инвестиција, посочи Заев, е потврда дека веќе докажани компании почнуваат да вложуваат, помагајќи ја севкупната инвестициска активност во Македонија.

– Ова е охрабрување за сите наши домашни инвеститори, градители, изведувачи, сето она што ќе го заработат да го остават овде во Македонија, за да им остават на наредните генерации подобри можности – рече премиерот.

Тој ги истакна заложбите и политичката волја на Владата да гради партнерски однос со бизнис заедницата, преку редовна и интензивна комуникација за потребите на бизнисот и за унапредување на економијата.

Сместен во срцето на Охрид, денеска на 11 мај во 18 часот хотелот Uniqueги отвора вратите за сите оние кои се во потрага по нови уникатни искуства, во еден од најубавите градови во светот.

Локацијата на новиот хотел е една од бенефициите по кои се двои од останатите во регионот. Сместен на самиот брег од Охридското езеро, во блзинина на мостот на Билјанини Извори, хотелот на посетителите им овозможува да бидат опкружени во природна средина, а сепак на неколку минути од центар на градот.

Хотел Unique располага со 130 просторни и луксузно уредени соби, кои се опремени со уникатни содржини. Нивниот топол и модерен ентериер зрачи со пријатен амбиент за дружење и престој.

За одличната услуга која ќе ја нуди хотелот ќе бидат задолжени тим од врвни експерти во својата област. Хотелот располага и со голем ресторан во кој за врвната храна за сите сетила, ќе се погрижи тим на кувари кој имаат богато искуство зад себе.

Хотелот освен својот уникатен лукузен изглед и можностите што ги нуди за сите гости, располага и со најмодерен спа центар и фитнес сала. Фитнес центарот располага со најнова Techno gym опрема.Покрај овие содржини, хотел Unique нуди и модерни и богато опремени конференциски сали за организирање на разни настани.

Врвниот луксузен амбиент,како и уникатноста и смелоста е нешто што веднаш ќе го забележите во хотелот. На самиот врв од хотелот има  летна тераса со преубав поглед на Охридското Езеро. Објектот располага и со сопствен паркинг.