(ВИДЕО) Седумдесетина текстилни работници штрајкуваа во Штип

0
468

Текстилни работници од конфекцијата „Нена фешн”, која е во сопственост на турски државјанин, тврдат дека два месеци не зеле плата, ниту пак им се платени придонесите за пензиско и здравствено осигурување. Денеска се собраа пред зградата на Општина Штип, каде што од страна на трудовите инспектори побараа да им се реши проблемот, пренесува ТВ Стар.

Бараат веднаш да ги добијат заостанатите плати и да им се платат и придонесите.

Револтираните работници најавија дека за нивните проблем ќе бараат решение и во Скопје.

Трудовите инспектори денеска ги примија работниците од оваа конфекција, велат дека се запознати со нивните проблеми. Денеска телефонски разговарале со сопственикот на фабриката, кој ветил дека ќе ја исплати платата за девети месеци, со што вработените ќе имаат и платени придонеси. Се очекува проблемот со над 70-те текстилни работници да биде решен најдоцна до утре.