(ВИДЕО) Севиља го прегази Алавес со 2-0 за шесто место во Ла Лига

0
167
Севилја му го нанесе вториот пораз на тимот на Алавес во низа и го помина на табелата во Ла лига по денешната победа од 2-0.

Домашниот тим доминираше во текот на целиот меч, а резултатот беше отворен во 41 минута со голот на Меса.
Во вториот дел Севилја беше тимот кој го диктираше темпото, па со голот на Сарабија во 80. Минута беа поставени конечните 2-0.

Севилја со 46 бодови е на шестата позиција на табелата, со ист број на бодови колку и петтопласираната Валенсија, додека Алавес падна на седмата позиција со 44 бодови.

Во вториот денешен натпревар од 30. коло во Ла лига, Легањес и Валјадолид одиграа меч без многу возбудувања се до 96 минута кога домашните фудбалери со голот на Кариљо стигнаа до победа од 1-0.

Извор : ТопСпорт