(ВИДЕО) Мехмедовиќ од СДСМ детонира ОГРОМНА БОМБА : КЛЕПТОМАНИТЕ од ДПМНЕ набавувалe вакцини од 171.6 денари, а на граѓаните ги продавалe за 400 денари по вакцина!

0
2484

MehmedovicНедозволиво е Никола Тодоров и власта во заминување, трет ден да молчат за “најверојатно“ мутираниот вирус на грип во Македонија. Тодоров е должен да им каже на граѓаните што ги збуни и загрижи, дали има или нема мутиран вирус на грип? И зошто во време кога тој ја даде изјавата, надлежниот Институт за јавно здравје немаше таква информација, напротив констатиран е конкретен тип на вирус на грип, рече на прес конференција Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здравство на СДСМ.

Неодговорното однесување на Тодоров покажува дека до последен ден власта во заминување не се грижи за граѓаните, туку само за едно – за тендерите преку кои 10 години се богатат, осиромашувајќи ги луѓето.

Ова е официјален документ за набавката на вакцини за сезонски грип.

Одела преку Центарот за јавно здравје во Битола за сите 9 центри низ Македонија освен за Скопје. Како што може да се види од склучениот договор, сумата за набавените 21.900 вакцини изнесува околу 3.800.000 денари (3.757.434). ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ЕДНА ВАКЦИНА ЧИНИ 171 ДЕНАР (171.6).

Погледнете сега за колку пари здравствените власти ја продавале вакцината за грип – за 400 денари!

Тоа значи дека власта во заминување на грбот на граѓаните, заработила 5.000.000 денари!

Едно 4-члено семејство плаќало 1.600 денари за вакцинација, а можело да се вакцинира за 687 денари. И тоа, како што може да се види од распишаниот тендер, за вакцина која е набавена според условот, погодувате, најниска цена!

Останатите вакцини се набавени од Центарот за јавно здравје во Скопје и за оваа набавка нема достапен повик за тендер на страницата на Бирото за јавни набавки.

Безобразно е граѓаните да плаќаат вакцини за грип по двојно повисоки цени во услови кога Македонија е се уште во зона на висока активност на грипот со пријавени нови над 5.000 болни во последната недела.

На граѓаните итно им се потребни институции што ќе работат за нивните потреби. Тие затоа избраа промени. И затоа е потребна нова одговорна Влада којашто реално ќе се грижи за нивното здравје, рече Мехмедовиќ.