(ВИДЕО) Сведоштвото на кумановката Емилија Цветковска која три часа се бореше со водата

0
316

40 годишната Емилија Цветковска е кумановката која успеа да ја преживее поплавата во скопскиот регион. Неа ја спасило семејството Крстиќ во Стајковци.

Емилија во критичниот момент се враќала од работа. Кај скопска обиколница во еден момент со возилото се нашла во вода. Излегла од автомобилот и почнала да плива низ студената вода. Во еден момент емилија вели дека била вовлечена во вртлог како на филм, а малку подоцна водата ја исфрлила на мирно место. Тогаш ги видела првите куќи во Стајковци и почнала пливајќи да се доближува. Кога стигнала до куќата на Крстиќ тие вложиле натчовечки напори да ја спасат.

– Тие се на втор кат високо, се обидоа да ми дават  раце, како на филм беше, 15 минути сакаа да ме спасат но не можеа. Им текна дека на првиот кат има мало прозорче и да ме вовлечат. Вода  имаше многу , но тие ризикуваа да влезе водата внатре само за да можат да ме спасат мене, изјави Емилија Цветковска, преживеана во поплавата за Сител.

Преку малиот прозорец на кујната  успеале да ја вовлечат во куќата и да ја спасат од водата. Таа веднаша побарала да го ингормираат нејзиниот сопруг дека е на сигурно место. Прво ја стоплиле со ќебиња, се искапела и и биле дадени неопходни лекарства. емилија преноќила кај Крстиќ.

Инаку, денеска на градските гробишта беше погребана 43 годишната кумановка  Жаклина Божиновска која трагично настрада во поплавите.

Во поплавите настрадаа и мајка и син од Крива Паланка. 39 годишната Марина Велиновска и осум годишниот син Јован заедно со семејството се враќале од одмор. Кај скопска обиколница сопругот – професионален пожарникар и помалиот син се спасиле, а Марина и Јован за жал се удавиле. Во градот денеска е Ден на жалост. Општина Крива Паланка на семејството ќе му додели парична помош од 200.000 денари.