(ВИДЕО) РЕТЕРИРАМЕ ОД ИЗЈАВАТА ДЕКА ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ ТРЕБА ДА ПАСИ ОВЦИ ВО БЕРОВО – ДИМИТРИЕВ ИМ РОКНА ЈАВНО НОЖ ВО ГРБ НА ГРУЈЧЕ И НА АПАШИТЕ ВО ВМРО-ДПМНЕ : ТОЈ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА МАКФАКС ГИ ПОДДРЖА РЕФОРМАТОРИТЕ ВО ПАРТИЈАТА

0
1052

ВМРО-ДПМНЕ има квалитетен кадровски потенцијал кој треба рационално да биде искористен, рече пратеникот Емил Димитриев во интервју за „Макфакс“. Димитриев додава дека најавеното освежување во партијата ќе следува пред локалните избори за да се постигнат уште подобри резултати.

„Јас лично поддржувам освежување во партијата со кадри што заслужуваат да им се даде шанса. Знаете, ВМРО-ДПМНЕ е партија која долго е на власт, има луѓе што десетина години беа министри, тие веќе се изморени и треба да одморат. Партијата е жива материја која одвреме-навреме треба да се освежува за да ги подобри своите перформанси,“ рече Димитриев.

^820BF63057D02CFFD75C2F65C9C00217A30133EEEB50CF40F0^pimgpsh_fullsize_distr-800x450

Во однос на идејата за реформи во партијата, Димитриев вели дека сите предлози треба да бидат разгледани внатрепартиски и заеднички да се одлучи дали тие ќе донесат одредено подобрување.

„Различните мислења се богаство и принцип на демократијата. Не треба сите идеи, народски речено, да се дочекаат на нож. Одредени предлози што се даваат ги гледам како нормална внатрепартиска демократија. Тие луѓе се наши сопартијци, лично се познавам со нив, сме поминале многу изборни циклуси и извојувале многу победи и затоа имам еден коректен став кон нив“, додава Димитриев.

Пратеникот Димитриев вели дека прашањата од национален интерес треба инклузивно и преку отворена дебата да се затворат. Тој не беше дециден дали ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе го поддржат нацрт-законот за унапредување на употребата на албанскиот јазик.

Додека бил технички премиер, многу малку се возел со владиниот мерцедес и, како што тврди, последен пат го видел во исправна состојба, чист и без гребаници.