(ВИДЕО) РАЗБИЕНА УШТЕ ЕДНА КРИМИНАЛНА МРЕЖА НА РЕЖИМОТ: Документарец на СКУП Македонија: Зошто Русија го гони Самсоненко – Што се крие зад фасадата за уште еден „успешен“ странски инвеститор на Груевски?

0
436

Познатиор руски инвеститор е непознат во Русија освен кај инспекциските служби за кладилници. Да се поседува Вардар и кладилници е во најмала рака кршење на кодот на ФИФА. Погледнете во последниот докуменатрец на СКУП, што се крие зад фасадата за успешен странски инвеститор.

Самсоненко во Македонија доаѓа есента 2006 година. Само неколку месеци по победата на партијата на Никола Груевски. Во Македонија стигнува преку аеродромот Александар Велики, но неговите фирми пристигнуваат преку оф шор-дестинации.