(ВИДЕО) Протести на жители во Ѓорче Петров поради прегазено 10 годишно дете од автомобил

0
156

Жители од улицата „Борис Сарафов“ во населбата Ѓорче Петров вечерва околу 19 часот со контејнери го блокираа сообрќајот поради сообраќајката, во која возило „опел астра“ со скопски регистарски таблички удри десетгодишно дете.

Детето, според првичните информации на полицијата, по сообраќајката е веднаш пренесено во Ургентниот центар, но се уште не се знае видот на повредите.

Блокадата, како што информира МВР, е и во знак на револт поради брзото возење по улиците, односно непочитувањето на сообраќајните знаци.

Жителите велат дека подолг период бараат од општината да биде поставена светлосна сигнализација бидејќи ова не е првпат на оваа улица да има сообраќајна несреќа во која страдаат малолетни деца.