ВИДЕО: „Протестирам“ и упадна на претстава на режимската кокошка Јелена Жугиќ

0
179

zukigcc

Граѓански активисти направија герила акција во “Театар Комедија” на вечерашна претстава „Лисистрата” во која главна улога игра директорката и отворен поддржувач на владините политики, Јелена Жугиќ, пренесува А1он.

Во еден момент среде претставата каде Жугиќ им вели на актерките да си направат селфи, активистите ги извадија мобилните телефони, ставија маски со #протестирам на лицата и се сликаа свртени со грб кон сцената. По селфито станаа и го напуштија театарот.

Целта е како што велат да се искаже револт кон партизираноста на уметноста и театарот.

Јасмина Голубовска, од иницијативата #протестирам, вели дека со оваа акција се испраќа порака и до Жугиќ како уметник и директор на театар со партиска книшка.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=Oio8VJyZcDg[/youtube]

Повеќе детали може да прочитате ОВДЕ