(ВИДЕО) ПРИЛЕПЧАНИ ШОКИРАНИ : Локалната власт ќе потроши повеќе од 66 милиони денари, од општинскиот буџет за улици, санирање дупки, мостови, сообраќајници

0
176

Улицата „Цане Кузманоски“ во населбата „Чачорица“, улиците „Бистра планина“ и „Пчиња“ во урбаната заедница „Гоце Делчев“ се уредуваат и градежно оспособуваат, за да им се олесни животот на граѓаните и во овие делови од градот. Како што истакна денеска градоначалникот Илија Јованоски, не само овие сообраќајници, туку во текот на годишената градежна сезона ќе бидат тампонирани и асфалтирани сите сообраќајници во градот, со решени имотно-правни односи. Општината за реализација на инфраструктурни проекти оддвои повеќе од 66 милиони денари.

Ветувањето „Прилеп без кал“, акцентираше денеска градоначалникот Јованоски е императивен за локалната власт и во текот на оваа година ќе бидат реализирани бројни инфраструктурни зафати во сите делови од градот. Прилеп конечно ќе добие урбан лик во секоја населба, граѓаните оптиминални услови за сообраќај, а возачите нема да бидат изложени на нервози, зашто ќе бидат квалитетно санирани сите ударни дупки.