(ВИДЕО) Прилепскиот градоначалник Јованоски и министерот Ибраимоски најавија решавање на проблемите во населбата „Три багреми“

0
107

Градоначалникот Илија Јованоски, денеска оствари средба со министерот за имплементација на Националната стратегија за подобрување на состојбата со Ромите во Република Македонија, Самка Ибраимоски, на која беше договорена реализација на неколку капитални проекти во населбата „Три багреми“ во Прилеп. Проектите ќе стартуваат во најбрз можен рок, со цел до нова година да се обезбедат барем елементарни услови за функционирање на оваа населба.

„На денешната средба со министерот Самка Ибраимоски се договоривме за неколку клучни проекти, кои што треба во наредниот период да се реализираат во ромската населба во Прилеп. Проектите се поделени во две фази. Дел ќе се реализираат во наредниве 2 месеца, а останатите во текот на наредната година. Изградбата на нова електрична мрежа во населбата „Три багреми“ е приоритет, зашто овој е основен проблем во тој дел на градот. Ќе се уреди влезот на таа населба и се планира изградба на нов систем за водоснабдување“, истакна градоначалникот Јованоски.

Министерот Ибраимоски истакна дека со реализацијата на овие проекти ќе придонесе за решавање на дел од најгорливите проблеми на граѓаните во овој дел од градот, а со кои што се соочуваат со години.

„За разлика до претходната власт, ние тоа што го ветуваме мора и да го остваруваме. Ветивме дека населбата „Три багреми“ ќе ја снабдиме со електрична енергија и дека ќе поставиме нов трансформатор. Ќе се реши проблемот со водоснабдувањето, ќе се обидеме да го решиме во овие 2 месеца. Во текот на 2017 година ќе каже ситуацијата на терен ќе се уреди и пристапниот пат до населбата. Наредната година она што го ветивме е и чистењето на реката во ромското маало и изградба на пристапни патишта. Ние како кабинет се насочуваме повеќе кон Прилеп, бидејќи Прилеп е втор град по големина, каде што има најмногу Роми во Македонија. Во 2018 година исто така ќе се ревидираат дел од акционите планови за да го реализираме тоа што граѓаните го бараат на терен“, истакна министерот Ибраимоски.

На новинарско прашање со чии средства ќе се финансираат овие проекти министерот Ибраимоски рече :

„Ние како кабинет ќе финансираме околу делот на изградбата на трафостаницата, за пристапниот пат дел ќе финансираме ние, а дел локалната самоуправа. Чистењето на реката ќе го направи локалната самоуправа, а проектниот план како треба да изгледа речното корито, кое ќе биде уредено со пешачки патеки, огради и осветлување ќе го финансираме ние. Средствата за тоа уште оваа година ќе бидат уплатени на сметката на локалната самоуправа“, додаде Ибраимоски.

СПОДЕЛИ

НАПИШИ КОМЕНТАР