(ВИДЕО) Премиерот Заев од Шуто Оризари: Заедно со иницијативите на компании донатори реализираме подобра инфраструктура за достојни услови за граѓаните во ромските населби

0
140

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска беше во посета на општина Шуто Оризари каде што остварија средба со градоначалникот Курто Дудуш, а потоа заедно со пратеникот Самка Ибраимовски се упатија во обиколка и разгледување на еден дел од населбата каде што со помош на приватни донации се поплочени 6 земјени улици и се решени инфраструктурни прашања од интерес на граѓаните.

По завршување на обиколката премиерот Заев даде кратка изјава за медиумите.