(ВИДЕО) СДСМ Прилеп : Поднесуваме кривична пријава за одговорност на директорите на училиштата

0
65

Почитувани граѓани,

Денеска поднесуваме кривична пријава до ОЈО Прилеп, против директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“Киро Николоски, кој на очиглед на целата јавност изврши тешка злоупотреба на службената положба и овластувања.

Наместо да ги заштити децата од партиски злоупотреби, што му е должност, Николоски самиот, преку партиски говори во гимназијата ги поттикнувал учениците на протести, на коишто се шири национална омраза.

Покрај пријавата за директорот на прилепската гимназија, истовремено поднесуваме кривична пријава против Жарко Темелкоски, директор на Средното индустриско училиште „Ристе Ристески – Ричко“ за истото дело.

Надлежните институции мора да постапат по вакви груби злоупотреби на учениците во партиски цели. Никој не смее да злоупотребува учениците за партиски интереси.

Денеска ќе побараме и итно свикување на вонредна седница на Совет на општина Прилеп, на којашто мора да присуствува и градоначалникот Марјан Ристески!

Барањето е потпишано од една третина од советниците, со што според Закон за локална самоуправа претседателот на Совет е должен да свика седница.

Локалната самопурава во Прилеп е должна да ги осуди злупотребите на ученици во средните училишта во Прилеп.

Градоначалникот Ристески не ги спречи прекините на настава за политички цели, напротив ги дозволи. Не ги разрешува директорите на училиштата, со што е соучесник.

Македонија е на чекор до промените што ќе обезбедат правна држава, независни институции и вистински кавлитетен образовниот процес. Секој кој го прекршил законот ќе одговара!

СПОДЕЛИ