(ВИДЕО) ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ГИ СПОМНА КРИВИЧНИТЕ НА АДВОКАТОТ ЖАРКО СТЕВАНОСКИ ПРОТИВ ОНОЈ РЕКЕТАР СО ХИЛТАТА : СДСМ на локалните ќе излезе со чесни и докажани личности кои ќе ги смачкаат МАФИЈАШИТЕ И РЕКЕТАРИТЕ на ВМРО-ДПМНЕ како ШЛЕПЕР ЖАБА!!!

0
1099

Корупцијата, расипништвото, деструкцијата и криминалното работење не се главна одлика на ВМРО-ДПМНЕ само на централно, туку и на локално ниво.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ доследно го следеле примерот на нивниот шеф Никола Груевски и истите, криминално работеа на штета на осиромашените граѓани.

Доказ за тоа се и пресудите против градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески кој е осуден бидејќи работел на штета на Општината и граѓаните, како и пресудата за Александар Панов кој бесрамно за време на кампања со црни пари купувал гласови.

Доказ за тоа е и случајот „Транспортер“ во кој градоначалникот на Битола, Владимир Талески е првообвинет за криминал тежок над 360.000 евра, наши, граѓански пари.

Овие примери се само мал доказ за незаконското работење на ВМРО-ДПМНЕ во послоедните 11 години.

Наспроти таквиот однос кон државата и општините, СДСМ на претстојните избори ќе излезе со чесна понуда на програма и кандидати кои што се професионалци и признаени во своите професии, личности што се препознати од јавноста и кои се подготвени да работат во интерес на граѓаните.

Владата на Македонија предводена од СДСМ во овие неполни три месеци докажа дека може да се работи чесно, професионално, домаќински, одговорно и во заштита на државните и интересите на граѓаните.

По промената на локално ниво, тоа ќе го докажеме и ќе го докажат и новите градоначалници од СДСМ и коалицијата.

Граѓаните ја препознаваат разликата помеѓу нечесното, деструктивно и коруптивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ.

Затоа, на локалните избори, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочат со политичка, а оние кои што работеле незаконски и со правна одговорност.

Македонија станува функционална држава. Таквиот одговорен пристап и спроведувањето на зацртаните реформи ќе продолжат и на локално ниво во интерес на и општините и на граѓаните, и на Република Македонија.