(ВИДЕО) ПЕТКОСКИ : Во април победуваме, победува македонскиот народ кој ќе го казни Зоран Заев и ќе го смести на црната страна од историјата

0
440

Прилеп и прилепчани во саботата беа сведоци на едно недолично за прв човек на државата и циркузантско шоу на Зоран Заев.

Човекот кој се наоѓа на врвот од криминалниот октопод дојде, пролупа како што тој самиот вели пред неговите поддржувачи и замина.

Знаејќи за огорченоста и огромниот гнев на прилепчани кон него и неговите извршители на локално ниво, Заев немаше храброст да прошета низ прилепската чаршија и од блиску да ги слушне проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Одново истите ветувања, одново истите лаги за виртуелни стотици километри патишта кои божем ги граделе, одново пробуваат со манипулирање и мегаломанско-патолошко лажење да си поигруваат со разумот на граѓаните.

Вистината сепак е една, а тоа е дека Прилеп изминатите години уназадува во секој поглед. Градот одново се претвора во црна точка во Македонија, без ниту една инвестиција и без ниту еден поголем капитален проект.

Реалноста денеска во Прилеп и целата држава е жална, реалноста е неподнослива. Живееме во град кој секојдневно се иселува, секојдневно сме се помалку, а тие сеуште ветуваат нов живот и враќање на младите назад во Македонија.

Во неговото нервозно и бесно обраќање замислете Зоран Заев  рече дека не било важно што Македонија не добила датум за преговори со Европската Унија, државата сеуште била на прав пат.

Па добро, за што тогаш го променија државното име, за што тогаш ја распродаваат историјата, за што тогаш склучија штетни и предавнички договори?

Почитувани,

Ваквата реторика повеќе не поминува кај никој, па дури и кај најголемите поддржувачи на СДСМ. Затоа победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите идната година е повеќе од извесна.

За Република Македонија доаѓа нова реалност, доаѓа власт која конечно ја предводат достоинствени луѓе, луѓе посветени на работа и реално решавање на проблемите.

Во април победуваме, победува македонскиот народ кој ќе го казни Зоран Заев и ќе го смести на црната страна од историјата!