(ВИДЕО) Петар Гошев РАСПАЛИ: Во владата седат „гангстери“ кои ги полнат своите сметки надвор од Македонија

0
247

petar gosev alsat

Ви го пренесуваме интервјуто со екс-гувернерот на Народната банка, Петар Гошев, за емисијата Економски магазин на Алсат-М телевизија:

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=sZlJC-aQLPY[/youtube]

Eкономски магазин: Како ја толкувате првичната изјава на гувернерот Димитар Богов за можен раст на камтните стапки?

Петар Гошев: Таа изјава покажува загриженост за економските движења, кои се во тек и кои може да претстојат како резултат на политичката криза, затоа што НБРМ има главна монетарна цел одржување на стабилноста на девизниот курс. Очигледно е дека се почнати сигнали за намалување на девизните резрви и настаните кои следат, потрошувачката што ја прави Владата , водат кон притисок на нивото на девизните резрви и гувернерот со таа изјава предупредува, дека ако тој тренд продолжи, ако дефицитот во Буџетот се зголемува уште повеќе, ако нема компензација на девизни резерви од извоз и кредитни приливи, врз основа на кои овој период се одржуваше нивото на девизните ерзрви и бидејќи тие мислат и натаму да ја брата стабилноста на девизниот курс, НБРМ нема друго решение освен да ја затегне монетарната политика, а прв инструмент за тоа е да ја зголеми каматната стапка на благајничките записи, на инструментите на НБРМ и со тоа како сигнал да влијае на зголемување на камтите во финасискиот сектор, во банкарството.

Тоа предупредување треба да го сфати пред се Владата на РМ која ја произведува оваа криза, иако сигурен сум дека манипулативноста на Владата која нема крај, ќе се обиде било која штета да ја префрли на некој друг, а не на нејзе самата, која според Уставот на РМ е најодговорна за стотјбите во земјата.

Економски магазин: Дел од јавноста смета дека со оваа изјава на гувернерот, НБРМ се обидува вината од евентуалното зголемување на каматите да го префрли врз опозицијата?

Петар Гошев: Можно е некој така да го протолкува, а луѓето кои се во власта, не само што така ќе го толкуваат туку и така ќе изјавуваат дека ако нешто тргне уште полошо во економијата, и ќе се обидат вината да ја префрлат врз однесувањето на опозицијата, а не на сопственото однесување. Но, таа изјава на гувернерот треба да ја примат сите од кои зависи политичката и безбедносната стабилност на РМ. Но, во никој случај, никој друг не е повеќе одговорен од валадата на РМ, бидејќи по Уставот, Владата раководи со сите институции во државата, таа управува со јавните финансии, таа ги троши парите на непродуктивни проекти, таа прави дефицити поголеми од колку што се одржливи, таа позајмува кредити и тие кредити ги фрла во бунар.

Економски магазин: Што треба да се направи за да не дојде до раст на каматните стапки?

Петар Гошев: Прво, она што е потребно треба да се совлада политичката криза. Преку совладување на политичката криза се стабилизираат и безбедносните аспекти на РМ, кои тргнаа во неповолна насока. За да се случи тоа треба Владата да си поднесе оставка, бидејќи фатена е во туѓ бостан. Фатена е со сите фалсификати и кражби. Стотици докази постојат за тоа, фатена е во илјадници неетички однесувања, и во било кое нормално општетсво таа влада досега сто пати требаше да си поднесе оставка, и со поднесување на оставката ситуацијата ќе се релаксира. Ќе се договорат политичките субјекти за организирање на фер и демократски избори, и така на меѓународната заедница, на меѓународните инвеститори со тоа ќе им се испрати порака дека во Македонија има зрел политички процес, има функционални институции кои се способни да ги решаваат тековните економски , политички и културни процеси во земјата.

Економски магазин: Какво беше влијанието на новите ветувања што ги даде Владата за повисоки плати, пензии и социјала врз сегашната состојба?

Петар Гошев: Со ова што премиерот Никола Груевски го правеше на митинзите сакајќи да го смири незадоволството кон себе предизвикано од криминалите и фалсификатите тој вусшност на тие трибини го промени буџетот со неговите ветува, бидејќи за тие ветувања и со овој дефицит усвоен во Собранието нема простор да се реализираат. Тој веќе го измени тој Буџетот ако тие ветувања ги реализра, а некои веќе почна да ги реализира. Значи Буџетот е неодржлив со овој дефицит со кој беше усвоен во Собранието. Нив ќе им требаат сега повеќе позајмувања и од она што беше планирано.Значи ќе треба да најдат дополнителни задолжувања, дома или во странство. Каматите на постојните странски кредити нема да се променат, но каматите за наредното задолжување сигурно ќе се зголемат и Македонија нема да добива кредити по таа цена по која ги добила, бидејќи наредните доаѓања на „Стандард и Пурс“ на „Фич“ за оценување на рејтингот на Македонија, ќе биде сигурно натамошно влошување на кредитниот рејтинг на РМ. Но, тоа не е најголемото зло со тоа што ќе се покачат каматите на идните позајмувања на Владата, можно е да се случи да престане давањето кредити на Македонија, што ќе биде многу „весело“ за сите нас и за Владата на РМ оти не ќе може да ги рефинасира ни отплатите на долгот и ќе мора да направи драматични кратења на Буџетот со големи последици по социјално економската ситуација во земјата, по корисниците на Буџетот во земјата и како контракциски удар врз економијата. Тоа е многу можно да се случи.

Економски магазин: Во што треба да штедат граѓаните во овие моменти?

Петар Гошев: Прво добро е да не ги зафати граѓаните и штедачите паника.Тоа е основно. Најсигурно место за штедење, на она што го имаат просечните семејства во Македонија се банките. Банките во овој момент имаат кондиција да издржат определени ликвидносни удари. Значи се уште од тој апсект нема опасност и тие треба да останат мирни да не ги зафати паника, бидејќи паниката ќе произведе последици врз широкиот слој на граѓани, бидејќи богатите и хоштаплерите ги имаат парите надвор од РМ на разни дестинации.

Но, во секој случај економскиот живот со овие политики со оваа власт се влошуваат. Ќе има сериозни штети од ова што досега се случи на политичката и безбедносната сцена во земјата. На пример, многу е веројатно само со овие штети, без многу да се развива негативно натаму штетата, дека проектираниот БДП може да биде помал за најмалку еден до два процентни поени, тоа значи директна штета од околу 100 милиони долари само по тој основ, без големите трошоци на компаниите што веќе ги имаат и без она што ќе уследи понатаму од натамошното лизгање на економијата и во наредната 2016 година ако кризата брзо не се реши и штети од покачување на цената за натамошното кредитирање на дефицитот на буџетот на РМ и кредитирање на компаниите кои неможат да живеат без кредити.

Економски магазин: Како ги оценувате причините поради кои Македонија се задолжува?

Петар Гошев: Причините се опишани со онаа позната реченица на министерот за финансии, дека оваа влада е „луда“ и дека троши за чоколадо а нема за леб. Причините се тие – троши неограничено повеќе отколку што може да собере приходи. Парите кои ги троши, јавните пари кои се собрани од домашни компании и грашани, плус од кредити од странство за кои плаќаме тешки камати, тие пари ги троши на проекти кои не го зголемуваат БДП, не ја зголемуваат активноста на економија. Напротив тие се идни поголеми зголемени трошоци на буџетот на РМ, затоа што тие објекти бараат одржување, а тоа треба некој да го плати.

Ако изградите стадион и за тој стадион дадете 90 милиони евра со капацитет од 30-40 илјади гледачи, а на еден натпревар имате 1.000 гладачи, тој стадион не може да ги враќа парите. Одржувањето на тој стадион треба да легне на Градот Скопје или на Буџетот на РМ, ако не се одвојуваат пари за одржување на тој стадион, кој не си ги враќа парите, тој ќе се распадне и тие 90 милиони евра ќе бидат фрлени. Или за оние згради на Вардар, кои на секоја поплава ќе се полнат со вода, а еднаш веќе се наполнија со вода, тоа се дополнителни трошоци на Буџетот на РМ. Затоа што имаше функционални згради кои си ја вршеле работите, ама оваа влада сакаше да го измени нивниот лик, или ако парите одат нза стиропор фасади со тоа не се зголемува потенцијалниот раст на РМ и значи позајмувањето оди во ветер.

И затоа таа дефиниција на министерот за финансии што ја кажува меѓу колегите, (кој за жал нема дигнитет да си поднесе оставка), дека се работи за „лудаци“, е сосема точна. Се работи за лудаци, се работи за хоштаплери, се работи за гангстери кои си ги полнат своите конта надвор од РМ и овде во РМ продаваат патриотизам, произведуваат непријатели и конфликти со кои се загрозува иднината на земјата.

Економски магазин: Колкава е задолженоста на земјава во моментов?

Петар Гошев: Јас не верувам дека јавниот долг е помал од 50% од БДП, но Владата и таа бројка ќе тврдат дека Македонија е ниско или умерено задолжена, и дека има многу повеќе задолжени или дека е меѓу земјите со најнизок долг, а тие имаат секој ден вистинска драма во финансии од недостаток на ликвидност да ги исплатат обврските. Секој ден позајмуваат пари за да исплатат одредени законски обврски, треба да распишуваат аукции за да ги платат пензиите бидејќи 40% од пензискиот фонд не се намирува од придонесите на тековните вработени туку треба да биде дотиран од Буџетот на РМ и таа сума постојано расте.

Така што имаме крајно нездрави јавни финансии, нетранспарентни, благодарение на овој премиер и овој министер за финансии кои секој ден соопштуваат лаги и во ниту една изјава нема трошка вистина.