(ВИДЕО) Пендаровски: Силјановска не е чесна пред граѓаните, не е правично да се брани насилството од 27 април

0
239

Изјава за медиуми,
Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател,
Свети Николе, 16.03.2019

Почитувани,

Столбот на секоја држава и општество е правото и правдата.

Вчера, ја чувме првостепената пресуда за немилите настани од 27 април, кога група насилници организирана од врвот на тогашната партија на власт, влезе во Парламентот со цел да го спречи мирниот трансфер на власта.

За жал таа партија и нејзиното сегашно раководство, не смогнаа сила да го осудат тој чин, да се оградат од насилниците и да побараат извинување од сите Македонски граѓани.

Уште полошо, кандидатот на таа партија за претседател на државата, го релативизираше настанот и рече дека некои други луѓе кои беа на страната на жртвите, требало да бидат процесуирани, а не насилниците кои посегнаа по животот на пратениците.

Како претседател, мојата прва и основна задача, ќе биде да ги штитам граѓаните и нивните права и слободи. И жестоко да се спротивставам на секој обид ако некој сака тие права и слободи на граѓаните да ги лимитира или да ги одземе.

Република Северна Македонија не може да оди напред и не може да биде третирана како демократска држава со луѓе кои сакаат да не вратат во мрачното минато и со луѓе кои немаат доблест да се извинат за она што партијата која сега ги предлага за највисоката функција во државата го има направено пред неколку години.

Благодарам.