(ВИДЕО) Пендаровски имаше средба со амбасадорот на ОБСЕ во земјава: Фер и демократски избори се заедничка одговороност на сите учесници

0
167

Пред малку имав средба со амбасадорот Клеменс Која, кој е шеф на мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија. Тема на разговорот беа изборите и процесот кој треба да започне во кој и ОБСЕ како организација ќе има своја значајна улога, мојата главна заложба му ја спомнав, таа ја чувте и вчера по завршувањето на лидерската средба помеѓу Заев и Мицкоски, дека изборите мора да бидат кристално чисти и за тоа мора да се заложат сите актери кои учествуваат во изборниот процес, се разбира одговорноста на власта и институциите на власта е поголема, но се разбира тоа зависи и од однесувањето на секој единечен учесник, на секој единечен гласач во изборите.

Од негова страна ми беше најавено дека наскоро ќе биде димензионирана мисијата според потребите кои ние како држава ќе ги искажеме, очекувањата се дека бројката на мониторингот ќе биде слична како во претходните неколку изборни циклуси, значи некаде околу 300 луѓе меѓутоа за тоа допрва треба да се донесе одлука во централата на ОБСЕ во Виена, и за тоа се разбира ние ќе дадеме и согласност и претходно барање, значи ништо нема да се одлучува без нас.

Нашата заложба е, зборувам сега во името на владејачката структура да има што е можно повеќе мониторинг, особено од граѓанскиот сектор, затоа што навистина на овие избори сакаме да покажеме дека далечно минато треба да бидат времињата кога се даваа гласови на нерегуларен начин и конечно на крајот на изборниот процес да имаме победник кој ќе биде признаен од сите учесници во процесот и понатаму тој победник ќе треба да соработува на дневна основа.