(ВИДЕО) ПАРТИЈАТА КОЈА СЕ ГОРДЕЕ СО ХОРХЕ, МУ СЕ СМЕЕ НА СТЕВО: ВМРОВЦИТЕ СТАНУВААТ СЕ ПОСМЕШНИ, ТРАГИ – КОМИЧНИ, ЦЕЛА ДРЖАВА ИМ СЕ СМЕЕ, КАКО ОВИЕ МИСЛАТ НЕКОЈ ДА ГИ СФАТИ СЕРИОЗНО, У КОЈ ФИЛМ СЕ ОВИЕ?!?!

0
331

„Зоран Заев е очаен. Свесен е дека граѓаните му завртеа грб и дека се противат на антидржавните и на криминалните политики, па одлучи заедно со неговите партнери да го жртвува докажаниот губитник Стево Пендаровски. Стево Пендаровски е тажен избор кој покажува колку ниско е паднат СДСМ и колку ниско е паднат Зоран Заев. После пет години да не се најде нов кадар кој што би бил достоен да се кандидира за претседател на Република Македонија е најдобриот доказ дека квалитетните, чесните и искрените поединци одбиваат да ги бранат политиките на Зоран Заев“ рече денеска на прес-конференција Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој смета дека „после пет години да им се понуди на граѓаните кандидат еднаш веќе отфрлен од нив е целосно потценување на народот во надеж дека гласачите кратко помнат и ги заборавиле навредите на Пендаровски кон нив. Пред пет години кога жестоко беше напаѓан Али Ахмети од страна на Стево Пендаровски, и од тогашната власт, Пендаровски освои 398.000 гласови, 140.000 гласови помалку од Ѓорге Иванов, актуелниот претседател на Република Македонија“.

„Јасно е дека Стево Пендаровски повторно ќе биде поразен. Тоа е неговата улога. Пендаровски е повторно жртвеното јагне на Зоран Заев и на СДСМ. Со одлуката да го кандидира Стево Пендаровски, Зоран Заев ги заштитува своите најблиски соработници Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Никола Димитров. Некој мора да биде поразен, а Спасовски, Шекеринска и Димитров му се поважни на Заев од Стево Пендаровски. Стево Пендаровски е партиски послушник на Зоран Заев подготвен да клати со главата и да ги аминува сите негови политики“ – рече Стоилковски.