(ВИДЕО) ПАМТЕТЕ ГО ОВОЈ ДЕН, ДЕНЕСКА СТАНАВМЕ ВЕЧНИ, ВЕЌЕ НИШТО НЕМА ДА БИДЕ ИСТО: Со 81 глас ЗА Собранието ги усвои уставните амандмани за Република Северна Македонија!!!

0
1085

Со 81 гласови „За“ Законодавниот дом даде зелено светло за амандманите со кои се исполнуваат обврските на Македонија од Преспанскиот договор. Гласањето беше обезбедено по неколку дневно натегање и политички договарања меѓу лидерите на СДСМ и на БЕСА, кои условуваа со четири нивни барања.

Новото име на државата станува Република Северна Македонија. За ова да се случи потребно е објавување на измените во Службен весник но и Грција да го ратификува Договорот од Преспа.

На гласањето не присуствуваше најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која го напушти парламентарниот дом со изговор дека нема да учествуваат во договор кој што ја разнебитувал Македонија.

По сите премрежија сепак Уставните измени го добија потрениот број на гласови со што е отворен патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Од сега топката е префрлена во Република Грција каде на потег е Ципрас и владејачката СИРИЗА да го обезбедат потребно мнозинство и во грчкиот парламент да го ратификуваат договорот со што тој и официјално ќе стапи во сила.

Видео од ова историско гласање, ОВДЕ