(ВИДЕО) Павле Богоевски ДЕТОНИРА МЕГА КРИМИНАЛНА БОМБА ВО СОБРАНИЕ : Груевски Е БЕЗ УСУЛ, потрошил 3 илјади евра на роаминг од Малта од службен телефон

0
1655

Пратеникот од коалицијата на СДСМ, Павле Богоевски, обвини дека поранешниот премиер и сегашен пратеник Никола Груевски, се уште го користи службениот премиерски телефон и дека со него потрошил 3 илјади евра за роаминг додека бил во Малта.

– До мене стигна сметка на телефонот на Груевски, односно неговиот службен премиерски телефон, кој од март до април 2017-та година, направил 184 илјади денари за роаминг.

„Беа најмоќната мафија со најбогатата партија во Европа, завршија како најобични криминалци кои лажат за службениот телефон. Оваа фотографија ја добив вчера. Не тврдам дека е вистинита, барам службите да проверат дали груевски од Малта потрошил над 184.000 ден. пари од граѓаните на Република Македонија за службен телефон кој, повеќе од една година нема право да го користи“, напиша Богоевски и на својот Фејсбук профил.
17523127_10211822862230053_7042322326832675731_n-670x407