(ВИДЕО) Острени : Ние сме за продолжување на мандатот на СЈО

0
577

Лидерот на Унитети, Гзим Острени, партија која е дел од Алијансата за Албанците во изјава за А1он вели тие ќе гласаат за продолжување на мандатот на СЈО. Дека албанските партии прифаќаат да се продолжи мандатот на СЈО се гледа и во декларацијата на албанските партии.

„Поддршка за непристрасно вршење на работата на Специјалниот Обвинител, без етнички и политички предрасуди. Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како “Сопот”, “Бродец”, “Монструм” и “Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган“, стои во третата точка од декларацијата.

Целата изјава може да ја погледнете ОВДЕ