(ВИДЕО) ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп – Стојаноски : СДСМ ги понижува дури и своите членови и активисти

0
382

Власта на СДСМ конечно го покажа вистинското лице дури и кон своите поддржувачи.

Во пресрет на изборната кампања за парламентарните избори во април идната година, се објавуваат редици и редици огласи за вработување во државните и јавните институции.

Секако овие огласи се наменети за нивните партиски активисти кои поради ваквиот однос се деградирани и понижени.

Луѓето мораа да чекаат избори, па да добијат огласи за вработување или решенија за траен работен однос.

Срамота и гревота!

Во општина Прилеп активен е оглас за вработување на 8 лица, кои според нашите сознанија се веќе вработени, па огласот е чиста формалност за мачкање на очи.

Покрај тоа што администрацијата се трупа со нови партиски послушници, а државата секојдневно се задолжува за нивни плати, се вработуваат и несоодветни кадри.

Па така во Општина Прилеп се бара советник замислете за спорт со завршен Правен факултет.

Наезда постои и за вработување на шофери, хигиеничари, чувари, референти, советници и низа други постоечки и непостоечки работни места поради кои во институциите веќе нема простор за разминување од нововработени лица.

Само во изминатите денови се отворија или завршија огласите во Центарот за социјална работа, во старскиот дом, здравствениот дом, потоа во Центарот за јавно здравје, затворот во Прилеп, како и детските градинки.

Почитувани,

На ваков начин СДСМ и Зоран Заев планираат да се спасуваат на престојните парламентарни избори. На ваков начин купуваат гласови и одново ги лажат граѓаните.

Едно СДСМ, Зоран Заев, Илија Јованоски и Миле Талески зборуваа пред да дојдат на власт, а друго прават сега.

За среќа, ваквите манипулации се веќе прочитани, па не случајно револтот расте и во нивните редови.

Република Македонија на 12-ти април добива нова Влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.