(ВИДЕО) ОК ВМРО ДПМНЕ ПРИЛЕП – ПЕТКОСКИ : Градоначалникот вети зелена површина, но наместо тоа ќе никнe зграда на негови роднини

0
219

На половина од мандатот на градоначалникот Илија Јованоски целосно се разобличува ветениот лажен живот за сите во Прилеп.

На местото на оној објект таму, градоначалникот Јованоски во неговата предизборна програма ветуваше дека ќе се гради зелена површина, а сега тука негови роднини градат стамбена зграда.

И самиот Јованоски јавно на прес конференција призна дека негови роднини градат тука на оваа локација, па останува нејасно каква зелена површина планирал да никне градоначалникот на ова место, освен доколку не се работи за зелена зграда.

Ова е типичен пример за тоа како Јованоски и СДСМ манипулираа со гласовите на граѓаните и бесрамно лажеа, само и само за да дојдат на власт.

Сега кога видоа дека се прочитани, одново лажат дека она што го ветувале за 4 години, ќе го изградат за само 2 години.

Па и целата механизација од целата држава да се донесе во Прилеп ќе биде малку за да го изградите сето она што го напишавте во вашата лажна предизборна програма.

Кога веќе сме тука, ќе потсетиме и на останатите проекти за урбаната заедница Рид кои Јованоски ги ветуваше, а денеска не се ниту на повидок да се реализираат.

За граѓаните од оваа месна заедница, градоначалникот ветуваше:

-Pеновирање на месниот дом Рид и негово ставање во владение на граѓаните од оваа урбана населба;

-Зелено пазарче во паркот кај театарот;

-Повеќе паркови површини, како и

-Отворање на детска градинка во просториите на стар Ритекс.

Ова беа проектите за кои граѓаните од оваа урбана населба му дадоа доверба на Јованоски и гласаа за него за прв човек на општината, а не згради и приватни објекти.

За жал, како и во останатите урбани заедници, и овде Јованоски и СДСМ ја погазија довербата на граѓаните и сега се соочуваат со огромен револт.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го разобличува лажното владеење на овие фотелја политичари, но и ќе нудиме реални решенија за проблемите на граѓаните.