(ВИДЕО) Одличен марш низ Скопје : Вратете ги парите!

0
244

mars 11

Граѓаните кои кампираат пред Владата на Република Македонија, маршираа до Mинистерството за финансии по објавената „бомба“ на СДСМ на која беа обелоденети нови коруптивни дејства за власта.

Преку паролата „Вратете ги парите“ тие побараа правда и враќање на украдените народни пари.

Демонстрантите застанаа на кратко пред Министерството за финансии од каде продолжија кон ТЦ Рамстор, и повторно се вратија кај Владата.

Додека маршираа извикуваа: „Убијци, убијци“, „Оставка“.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=rlqkN4PwGwo[/youtube]

Продолжуваат активностите пред Влада вечерва, каде е предвидено обраќање на поединци од различни општествени дејности.