(ВИДЕО) Одличен говор на Љупчо Николовски : Нема да има кантонизација, ќе има конфискација на криминално стекнатиот имот на Груевски и фамилијата!

0
201

Веднаш ќе донесеме закон за запленување на криминално стекнатиот имот веднаш по првата правосилна пресуда.

“Како што лажеше Никола Груевски за странски служби, за жолти комбиња, лаже Груевски и за овие глупости од федерализации што ги има само во неговата глава!

Овие лаги и сценарија и глупости излегоа на површина со изјавата на носителот на листа од неговиот коалиционен партнер од ДУИ кој јавно кажа дека албанскиот јазик се спроведувал во сите државни институции па дури и дека УЧК ја водела Владата и Собранието на Р. Македонија! Тоа го кажа носител на листа од коалициониот партнер на Никола Груевски!

Затоа Никола, слушни добро! Твоите лаги завршуваат за 5 дена! Вистината од којашто бегаш ќе те стигне! Конфискација ќе има за тебе, за граѓаните ќе има ЖИВОТ! Живот во Македонија! Ете тоа ќе има! Живот со повисоки плати, живот со нови добро платени работни места, живот со квалитетен животен стандард за сите“, рече Николовски.