(ВИДЕО) ОВИЕ ОД ХУНТАТА НА ЗАЕВ БИЛЕ ЕПТЕН ЗАБЕГАНИ : НАМЕСТО ДА ТРОШАТ ПАРИ НА КИЧ И ПО КАФАНИ И ПЕВАЉКИ, ПО СТЕКОВИ ОД КОЊИ И БИЗОНИ ТИЕ ГЛЕЈ ШТО ПРАВАТ, ИМ ФРЛААТ НА ПРИЛЕПЧАНИ 11 МИЛИОНИ ЕВРА ВО КВАЛИТЕТНО И СТАБИЛНО НАПОЈУВАЊЕ ВО МЕПСО!

0
309

Во текот на следнава 1.5 година во Прилеп ќе биде реализирана инфраструктурна инвестиција во висина од 1.5 милион евра, којашто ќе овозможи стабилно и квалитетно електро-напојување во следните 20 години.  Реализацијата на проектот е доверен на хрватската компанија „Кончар КЕТ“. Директорот на МЕПСО, Сашо Василески и претставникот на „Кончар КЕТ“, Бранислав Лековиќ, денеска во Прилеп потпишаа договор, во присуство на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и градоначалникот Илија Јованоски.

„Како градоначалник сум многу благодарен за оваа инвестиција на МЕПСО, благодарност до Владата РМ, Министерството за транспорт и врски и до претпријатието МЕПСО. Ова што го добиваат граѓаните, значи непречен пренос на електричната енергија во наредните 20-30 години и задоволување на потребите на сите капацитети.Тоа е од огромно значење за нашата општина“, рече градоначалникот Јованоски.

Според директорот на МЕПСО, Сашо Василески, проектот предвидува реконструкција и ревитализација на трафостаницата.

„Ова всушност значи замена на опремата, којшто е стара повеќе од 40 години, со цел подобар и поквалитетен пренос на електричната енергија. За Прилеп е битно, што ќе добие поквалитетна, стабилна електрична енергија за наредните 20 години,затоа што ќе се промени оваа опрема, која што ќе ја гради реномираната компанија ‘Кончар КЕТ’од Загреб“,изјави Василески, директор на МЕПСО.

Во пелагонискиот регион за 10 дена,како што рече Василески ќе почне и реконструкција на трафостаницата „Битола2“, а поврзувањето на двете трафостаници ќе биде со далекувод.

„Вкупната инвестиција за овој регион, што ја реализира МЕПСО во соработката со Владата на РМ со средства од ЕВРД е во висина од над  600 милиони евра. Значи квалитетна, стабилна електрична енергија, така што граѓаните од пелагонискиот регион во иднина нема што да се плашат за квалитетот и користењето на електричната енергија. Оваа опрема што ќе ја инвестира МЕПСО, а со изградбата од страна на ‘Кончар КЕТ’ ќе донесе еден брз економски раст во поглед на домашните компании. Таа ќе биде модерна опрема која што преку диспечерскиот центар ќе може да ја контролира работата на оваа трафостаница. А, во моментов се прави реконструкција на повеќе трафостаници на Скопје 4, Битола 2, Валандово, Осломеј, а во иднина имаме проекција за реконструкција на мал број други трафостаници. Годинава ќе имаме непречен пренос и користење на електричната енергија од страна на граѓаните на РМ“, додаде директорот Василески.

Министер за транспорт и врски Горан Сугарески посочи на крајниот бенефит што ќе го имаат граѓаните, со реализацијата на оваа инвестиција.

„Со оваа инвестиција се зголемуваат растечките потреби на граѓаните. Сакам овде да ги охрабрам и сите други инвеститори кои планираат овде да инвестираат, дека електро снабдувањето ќе биде сериозно и стабилно. Исто така изминатиот период благодарение на менаџментот на МЕПСО, беа склучени сериозни договори во висина од 26 милиони евра. Од нив 10 милиони евра се за модернизација на трафостаници, потоа 5 милиони се за изградба на далноводи. Посебно важен за државата е капиталниот проект- далновод со капацитет од 400 киловати,  што ќе се работи во иднина меѓу Р.Македонија и Р.Албанија. И трафостаница од 10 волти во Охрид. Со овие инвестиции во изминатата 1.5 година сум исклучително задоволен, зашто МТВ е главен акционер на МЕПСО, така што и Министерството и Владата даваат сериозна поддршка на менаџментот да продолжи со сите овие активности“, рече министерот Сугарески.

Според Бранислав Лековиќ, претставник од „Кончар КЕТ“, оваа хрватска компанија е со долгогодишно искуство, знаење и однос кон локалните заедници каде што се работи.

„Сметаме дека ваквите договори придонесуваат за посебна соработка меѓу македонските и храватските претпријатија со посебен акцент на локалната компонента. Обврските според договорот ќе бидат завршени во текот на 1.5 година“, рече Лековиќ.

На чинот на потпишување на договорот меѓу „МЕПСО“ и „Кончар КЕТ“ присуствуваа и амбасадорката на Република Хрватска во Македонија,Даниела Баришиќ и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски.