(ВИДЕО) НОВИНАРИТЕ НА CNN ЗА НОВА ГОДИНА ПРЕД КАМЕРИ СЕ ПРЕТЕРАА, СЕ НАПРАВИЈА ЌОСИЊА!

0
232

Новинарот на CNN Андерсон Купер за време на новогодишната ноќ, на плоштадот Тајмс сквер во Њујорк, испи повеќе од вообичаено и заедно со неговиот колега Енди Кохен на гледачите им приреди вистинско шоу.

Двајцата испија текила, по што Купер изјави дека не е навикнат премногу да пие алкохол и дека веројатно ќе биде тешко да остане присебен до крајот на емитувањето.

„Мислам дека ми изгореа белите дробови“, коментирал Купер по испиената прва чаша.

„Ова е само почеток“, го предупредил Кохен.

По испиените неколку чашки, почнале двајцата да прават гримаси, а нивните говори биле неразбирливи за публиката. Во еден момент Купер се исплашил дека неговиот колега ќе се обиде да го бакне.

Ова не е прв пат новинарите на светската телевизиска мрежа да прават чудни работи за време на преносот во живо на Новогодишната ноќ.

Досега биле забележани моменти како новинарите си ги дупчат увата, а имало и ситуации кога се соблекувале или пушеле марихуана пред светскиот еудиториум.