(ВИДЕО) Николовски: Сточарите се оставени без помош се крие вистината за јазлеста кожа

0
251

Болеста јазлеста кожа се уште коси, се шири и предизвикува огромни штети на сточарите, месната и млечната индустрија. Се уште на ниту еден сточар не му се исплатени пари за одземените и убиени животни – изјави членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски.

Според него, вистината за оваа болест се крие од Светската организација за здравстена заштита на животните на која последниот извештај и е доставен пред два месеци.

– Исплата на штетите за сточарите мора да започне веднаш! Одговорните во Агенцијата за храна и ветеринарство не само што се тотално неорганизирани, не само што кријат информации од јавноста за последиците од болеста јазлеста кожа, туку тоа го кријат и од меѓународните институции – додава Николовски.

Тој потсети дека со ребалансот на буџетот скратени се 15 милиони евра за субвенции на земјоделците.