(ВИДЕО) Николовски открива МЕГА СКАНДАЛ: РЕЖИМОТ дозволил увоз на ОТРОВНИ краставици од Албанија!

0
247

„Во интерес на граѓаните на Република Македонија продолжуваме со објавување на вистината поврзана со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и нефункционирањето на институциите на системот.

Денеска отвараме нов скандал поврзан со безбедноста на храната од увоз.

Денеска ќе ви презентираме документи коишто, за жал, ги потврдија нашите сомневања за тоа каква храна од увоз консумираат нашите граѓани.

Минатата недела, на барање на потрошувачите и домашните раноградинари до Државната фитосанитарна лабораторија доставивме примерок од увозни краставици произведени од областа Лушна – Албанија, купени на Кванташки пазар, за да се испита присуство на пестициди.

Резултатите ги добивме, а тие се загрижувачки и алармантни.

Испитувањето  и  анализите  добиени  од  страна  на  ДФЛ  покажаа  дека  увезената  краставица  од  Албанија  содржи двојно повеќе пестициди отколку што е законски дозволено, односно концентрација на активна супстанца  Metalaxyl која е отровна.

Податоците за увозникот, извозникот и други релевантни податоци ке бидат службено доставени до надлежните институции за понатамошно процесуирање согласно Законските одредби кои произлегуваат од Законите со кој се третира безбедноста на луѓето и здравјето од контаминација со храна.

Останува отворено прашањето зошто затаила контролата при увоз и кој дозволил овие отровни краставици да завршат да домашниот пазар.

Дали сите фирми увозници се контролираат подеднакво и како потрошувачите да имаат доверба во институциите кои ги плаќаат.

Ќе следиме како ќе се процесуира случајот и ќе ја информираме јавноста.

Одговорност мора да има.

Нема компромис со здравјето на луѓето!

Ова е уште еден пример зошто Никола Груевски го прекршува договорот од Пржино, затоа што се плаши од вистината за нивното криминално владеење на штета на граѓаните“, изјави на денешната прес конференција, Љупчо Николовски, дополнителен заменик –министер за земјоделство, шумарство и водостопанство (во оставка).