(ВИДЕО) Николовски: Наша цел е просечната плата во државата да биде 30.500 денари!

0
326

Изјава за медиуми,
Љ.Николовски, носител на кандидатска листа во изборна единица 3
Делчево, 12.11.2016
Почитувани,

Денеска пред граѓаните на Делчево се обврзуваме дека наш врвен приоритет ќе биде парите да ги вратиме назад кон граѓаните!nikolovski1311

Она што е фокус во нашиот План за живот во Македонија се платите на луѓето. Затоа ќе ја покачиме минималната плата во првите 4 месеци на 12.000 денари, а до крајот на мандатот на 16.000 денари. Наш фокус и наша цел е просечната плата во државата да биде 30.500 денари!

Тоа ќе го направиме со низа мерки за подобар живот на секој граѓанин тука во Македонија. Не само што ќе се зголемуваат платите на граѓаните туку ќе се намалуваат и трошоците на секое семејство!

Во секое семејство на крајот на годината ќе влегува по една просечна плата како резултат на нашата мерка за враќање на 15% од ДДВ во секој семеен буџет. Ќе ја укинеме радиодифузната такса, ќе ја вратиме евтината тарифа на електрична енергија секој викенд и дополнително 2 часа секој друг ден во неделата.

Исто така 140 милиони евра во првите 4 години ќе ги насочиме како пари назад кон домашните мали и средни претпријатија којшто ќе отвораат нови работни места и ќе даваат просечни плати во државата. 22 милиони евра првата година, а 33 милиони евра во последната година од првиот мандат ќе бидат насочени за отворање на нови работни места преку активните мерки за вработување на младите.

Ќе воведеме и европска Младинска гаранција којашто гарантира дека секој млад човек 4 месеци по завршувањето на своето образование ќе добие понуда за вработување, понуда за тренинг или ќе го продолжи своето образование.

На најранливите категории ќе посветиме најмногу внимание. Затоа помали извршителски трошоци и помали судски такси и помали камати ќе плаќа секој којшто има помалку приходи во својот семеен буџет. За секој граѓанин којшто зема минимална плата, персоналниот данок којшто го уплаќа работодавецот ќе мора да го врати на вработениот.

32 општини на крајот на мандатот ќе ги гасифицираме во целост, што значи секое семејство ќе добива повеќе пари, ќе останат повеќе пари во секој дом, но и во секоја општина ќе остануваат повеќе средства.

Нашиот План за живот во Македонија значи зголемување на платите на секој граѓанин, но и намалување на трошоците во секое семејство. Тоа е неопходно да се направи заради достоинствен живот на секој човек.

Ќе се грижиме и за пензионерите. Два пати годишно ќе се зголемуваат пензиите а на крајот на годината ќе имаме вонредно покачување на пензиите усогласено со трошоците на живот врз основа на одлука на владата. И ќе ја воведеме државната социјална пензија со што нема да има ниту еден човек во државата којшто ќе остане без пензија.

За нас секој човек е важен, за нас секој човек е битен. Затоа, нашиот План за живот во Македонија предвидува мерки коишто ги враќаат парите назад кон граѓаните. Ќе престане криминалното богатење на фамилијата, ќе престане осиромашувањето на народот како резултат на криминалите политики на власта. Ќе имаме искрена, чесна и одговорна влада, власт и институции коишто ќе работат единствено во интерес на секој човек, на секој граѓанин.