(ВИДЕО) Николовски: Годинешниот откуп на тутун започна со поголем број на склучени договори и со повисоки субвенции и со повисока откупна цена за тутунот, се очекува девизен прилив од над 100 милиони долари!

0
178

Министерот за земјоделство водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски денес во посета на прилепски тутунски комбинат : Годинешниот откуп на тутун започна со поголем број на склучени договори и со повисоки субвенции и со повисока откупна цена за тутунот, се очекува девизен прилив од над 100 милиони долари!

Денеска започна откупот на тутунот од реколтата 2018 година. Според базата на податоци на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до денеска се отворени 195 откупни пунктови на кои што тутунарите можат да го предаваат тутунот. Државниот инспекторат за земјоделство ги направи сите проверки на пунктовите.