(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО : ОТКАКО СО ПОМОШ НА ВМРОВСКИ СИЛЕЏИЈА ИМ ГИ СВИТКА ЗГЛОБОВИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО ПРИЛЕП, ДИРЕКТОРКАТА НА ДОМОТ СЕГА ЌЕ ЈА ОПРАВА ГРАДСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА!!!

0
1479

Ирена Стерјовска – Локвенец е директорката на домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ од Прилеп каде пред неполни четири месеци четири вработени во домот и поднесоа кривична пријава за кривичното дело „Малтретирање во вршење на службата“ каде на своето работно место од вмровски силеџија наводно вработен во домот за стари лица со цел да и ја одземе картичката била физички нападната Љубица Мирческа, која е една од четирите подносители на пријавата против оваа директорка.

Откако ги реши вработените со свиткани зглобови и трауми директорката Ирена Стерјовска – Локвенец сега ќе ја оправи и инфраструктурата на Прилеп, иако не се знае како тоа практично ќе го изведе откако ќе заврши со купишта кривични пријави од вработените во Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ од Прилеп.

Погледнете ги само овие неколку траорни сведоштва на дел од вработените во Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ од Прилеп каде се случувало вистински хорор од страна на директорката Стерјовска и партиските насилници на ВМРО-ДПМНЕ ангажирани во самиот дом за кој во дел од сведоштвата се вели дека не се знае конкретно како што е насилникот вработен во домот, како шофер на директорката, стражар или обезбедување…

  • „Доаѓајќи на работа, само што се најавив и ја отчукав картичката, без никаков повод ме нападна Јане Милошески, кој е исто така вработен во Домот. Бараше да му ја дадам картичката која мојата колешка Цвета Колеска претходниот ден ја изгубила спремајќи се да си оди дома. Почна да вика, ми ја фати раката во која го држев несесерот каде ја чувам картичката, силно ја стегна и ја свитка носејќи ја зад грбот. Почнав да викам и да барам да ме пушти. Цело време му објаснував оти ја отчукав само мојата картичка, што може да се види од снимките на камерите. Откако после некое време ме ослободи, дојде и директорката Ирена Стерјовска Локвенец и бараа од мене и од колешката Колеска да потпишеме некаква изјава. Ни рекоа дека повикале полиција, после што нѐ внесоа во една просторија која се наоѓа веднаш до портирницата и таму нѐ заклучија“, видно вознемирена раскажува Мирческа.
  • „Непосредно пред неговото доаѓање, откако директорката слушна дека го повикавме адвокатот, нѐ пуштија да излеземе од собата. И двете бевме многу вознемирени и исплашени од тоа што се случи. 6 години сум вработена во Домот, но вакво нешто никогаш не сум доживеала ниту јас, ниту пак било кој друг од колегите. Работите тргнаа на лошо откако за директорка ја поставија Ирена Стерјовска Локвенец. И јас сум исто како и таа членка на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа секогаш кога ќе побаравме прием кај неа за да ѝ кажеме за проблемите со кои се соочуваме на работните места, директорката не сакаше да нѐ прими. Нѐ навредуваше, ни се обраќаше со погрдни зборови, велеше дека сме смрделе, а откако ја поднесовме тужбата, преку претседателот на Месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од населбата „Рид“ бараше да се видиме во 4 очи. И јас, исто како и другите колеги со кои ја поднесовме кривичната пријава, ќе ја тераме работата до крај, сѐ додека не дојдеме до правдата“, вели Љубица Мирческа.
  • „После обезбедената медицинска белешка од Итната медицинска помош, вработените добија упат за ортопедија и психијатрија каде им беа констатирани повредите и им беше препишана соодветна терапија. Оттаму заминавме во прилепската Полициска станица од општа надлежност, каде Мирческа и Колеска дадоа исказ за случувањата во ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“. Заради сето ова, против лицето кое ја нападна Мирческа, но и против директорката, ќе биде поднесена соодветна пријава поткрепена со медицинска документација. За настанот ќе биде известено и Основното јавно обвинителство Прилеп, каде се води постапката против Стерјовска Локвенец“, изјави за Публикум адвокатот Стеваноски..