(ВИДЕО) МЛАДИ ВО АКЦИЈА : ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГЕРИЛА АКЦИЈАТА НА МЛАДИ ГРАЃАНСКИ АКТИВИСТИ ОД ПРИЛЕП ВО БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ

0
363

Погледнете го видеото и видете колку лесно може да се одземе вниманието на децата но и на родителите, видете колку е само лесно да се биди ЖРТВА НА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ.
На оваа герила акција, додека сите ние игравме и се забавувавме имаше момче од социјално загрозена категорија и беше демнет од страна на неговиот трговец.
Речиси никој не го запримети тоа.
Тоа беше забележано само во моментот кога трговецот започна физички да го напаѓа и тоа беше видено од неколку случајни минувачи но никој не превзеде никаков чекор.
Трговијата со луѓе се случува и кај нас и тоа многу често.
Под трговија со луѓе НЕ се подразбира само продажба на органи, туку тоа вклучува и питачење што е една од најчестите форми во нашето општество, трудова експлоатација, сексуална експлоатација и многу други форми.

Никој не е ничија сопственост! Не молчи…реагирај…пријави!

Пријави трговија со луѓе на бесплатната СОС линија 0800 11 111.

Споделете го видеото и заедно да ја подигниме свеста во општеството.

#противтрговијасолуѓе