(ВИДЕО) Милошев: Захариев да даде објаснување за проблемот со незаконската реконструкција на дел од Трговскиот центар во Штип

0
174

Прес конференција на Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип:

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=xFs3Wahb3xU[/youtube]

Почитувани,

Во интерес на граѓаните, бараме градоначаникот Илчо Захариев веднаш да излезе пред штипската јавност и да даде објаснување за проблемот со незаконската реконструкција на дел од Трговскиот центар во Штип.

Градоначалникот Захариев, на сопствениците на деловниот простор во холот на трговскиот центар, им издал Одобрение за реконструкција и доградба.

Но, Захариев оваа постапка ја направил на незаконски начин и крајно нетранспарентно, за што Здружението на сопственици на деловен простор во Штип поднело жалба.

Поради констатирани незаконитости Министерството за транспорт и врски на почетокот на месец август донело Решение за поништување на Одобрението за реконструкција и доградба на трговскиот центар во Штипи предметот го вратило на повторување на постапката.

За овој скандал градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев молчи и се крие од јавноста.

Захариев ниту се појави во јавноста да објасни зошто го прекршил Законот за градба, ниту пак зошто не постапил согласно Решението и не ги стопирал градежните работи до конечно завршување на управната постапка.

Прашуваме, зошто до ден денес се нема произнесено Основниот суд во Штип ?

Зарем за Илчо Захариев не важат Законите на државата и мислењето на граѓаните?

Градоначалникот Захариев е должен да одговори дали објектот во моментов е дивоградба и кој ќе ја сноси одговорноста за незаконското постапување?