(ВИДЕО) Меџити: Нема да се тргнеме од овде додека не се промени одлуката за крстот

0
230

На местото на кое се гради 55-метарски крст во населбата Бутел, демонстрантите на протестот предводен од ДУИ насилно ги бутнаа тарабите и почнаа да поставуваат албански знамиња и шатори во кои веројатно ќе кампуваат, известува Телма.

Како што изјави градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, тие нема да се тргнат од местото, ќе се стационираат на локацијата се додека не се промени одлуката на општина Бутел, која според него не е во интерес на сите граѓани. Според Меџити, одлуката за поставувањето на крстот е провокација за сите албанци, без разлика дали се тие муслимани, православни или католици. Тој додаде дека доколку општината Бутел е толку загрижена за православните албанци, можела да одвои една локација каде би се изградила албанска православна црква и на неа да се стави крстот.

Ни минарето ни крстот не треба да се ставаат на улица или крстосница, вели градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Некои од демонстрантите ги спречуваат медиумите да го снимаат инцидентот. Инаку, оградите беа урнати, во момент кога дел од раководството на ДУИ даваа изјави.

Трајановски јавува дека некои од демонстрантите запалија и една палма и како што вели иако полицијата е таму, таа се уште не реагира.

Изјавата може да ја погледнете ОВДЕ